Инструменти:
Правилната температура ја чува храната PDF Печати Е-пошта
Вторник, 13 Септември 2011 12:17

Правилното чување на продуктите во фрижидер или замрзнувач, освен што може да ви заштеди пари, кои нема да ги фрлате на пропадната храна, може да спречи и сериозни болести. Бактериите на храната која стои на собна температура многу брзо се шират, особено кај месото и млечните производи. Но бактериските заболувања може да се спречат ако храната правилно ја чувате во фрижидер или ја замрзнете.

Немојте да ставате премногу храна во фрижидерот или замрзнувачот, затоа што ладниот воздух мора да циркулира за правилно да се излади. Постои рок колку долго храната може да се чува во фрижидер, но и правила како да се чува за подолго да трае. Температурата во фрижидерот секогаш држете ја на четири степени, но дозволени се и варијации од 2 до 8 степени. Температурата во замрзнувачот треба да е минус 18 или помалку за да се намали развојот на бактерии. Исто така, да споменеме дека фрижидерот и замрзнувачот треба да се чистат редовно. Фрижидерот се чисти темелно на неколку недели, а замрзнувачот на секои три месеци. Посебно внимавајте на соковите од свежото месо, кои треба веднаш да се избришат.

  • Чување во фрижидер

    Водете сметка за производите што треба да ги чувате во фрижидерот откако сте ги отвориле. Храната од отворени метални садови и конзерви преместете ја во стаклени или пластични садови и дури тогаш ставете ја во фрижидер. Траење на продуктите кои се чуваат во фрижидер: свежи јајца – од 3 до 5 недели , јадења со јајца – 3 до 4 дена, свежо месо – 2 до 3 дена (во зависност од пакувањето), сецкана салама – до 7 дена, зготвено месо – 2 до 3 дена, супа – до 3 дена, мајонез – до 2 месеци одкако теглата е отворена, детска храна – од 1 до 3 дена, сирење – од 1 до 4 недели (помеките сирења траат многу пократко од тврдите), остатоци од зготвена храна – до 3 дена.

  • Чување во замрзнувач

    Храната може да ја одмрзнете така што ќе ја ставите во фрижидер или во ладна вода. Ако ја одмрзнете на собна температура или во микробранова печка ќе мора веднаш да ја зготвите. Никогаш не ја замрзнувајте храната што веќе сте ја одмрзнале, единствено можете да ја зготвите па потоа да ја замрзнете. Месото оставете го во оригиналното пакување на кое треба да има важни информации – кога месото е спакувано, до кога може да стои замрзнато, дали веќе било замрзнувано и од каде е производот. Траење на продуктите (доколку не пишува на обвивката) што се чуваат во замрзнувач– виршли и колбаси од еден до два месеци, свежо црвено месо од 4 до 12 месеци, мелено месо од 3 до 4 месеци, пилешко од 6 до 9 месеци, зготвена храна од 2 до 3 месеци, супи од 2 до 3 месеци, дивеч од 8 до 12 месеци, овошје и зеленчук од 8 до 12 месеци.

Кликнете на следниот  линк за да погледнете дел од термометрите за фрижидер со кои располагаме:

http://www.delta.com.mk/delta/index.php?option=com_content&view=category&id=60&Itemid=186

images